Кои вежби топат најмногу калории и помагаат за слабеење?

А.С.
/ 21.12.2021 / 09:11

Ако целта ви е што побрзо да ослабете, веројатно се прашувате кои вежби ќе ви помогнат во тоа.

Некои велат дека кардио вежбите најдобро согоруваат калории, додека други се колнат во тренингот за сила.

„Точно е дека луѓето побрзо согоруваат калории кога трчаат, во споредба со кревањето тегови“, тврди физиотерапевтот и фитнес тренер Лаура Миранда за Women’s Health.

„Но, анаеробниот тренинг ја одржува нашата прекумерна потрошувачка на кислород и по вежбање, односно согоруваме калории и по завршувањето на тренингот“, истакнува таа.

Зошто тренинзите со тегови го имаат овој продолжен ефект на согорување калории? Кога вежбате со поголем интензитет, на вашето тело му треба повеќе кислород за да се опорави“, вели Миранда. Со други зборови, кревањето тегови е подобар избор.

„Мускулите се метаболички најактивното ткиво и колку повеќе имаме, толку поефикасни сме во согорувањето на калориите во текот на денот“, објасни таа.

Но, колку калории согорувате зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја вашата возраст, тежина и подготвеност. Сепак, одредени вежби генерално горат повеќе калории од другите.

1. Скокање јаже - 667 до 990 калории на час

2. Спринт – од 639 до 946 калории на час

3. Кик бокс - од 582 до 864 калории на час

4. Возење стационарен велосипед – од 584 до 841 калории на час

5. Трчање – од 566 до 839 калории на час

6. Веслање – од 481 до 713 калории на час

7. Кружен тренинг со тегови - од 554 до 822 калории на час

8. Качување по скали – од 452 до 670 калории на час.

реклама

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе