Кои зачини е најдобро да се користат во студените денови?

Со само малку зачин, вашите јадења можат да добијат нова димензија на вкус и мирис. Сепак, ова не се главните причини зошто треба да ги вклучите во вашата исхрана. Зачините, како циметот, ќе ги забрзаат процесите во вашиот организам и на тој начин полесно ќе ја сварите храната.

Во зимските денови обично се консумира малку потешка храна за организмот, главно чорби и помрсни оброци. Затоа, не е лошо да додадете одредени зачини за вашето тело полесно да ја свари таквата вид на храна во овие студени денови.

Цимет

Тоа е еден од најпознатите зачини во светот, а најчесто се консумира на зима во слатки карактеристични за празниците. Иако постојат два вида цимет, цејлонскиот цимет кој потекнува од Шри Ланка се препорачува за секојдневно консумирање (Цејлон е британското колонијално име за денешна Шри Ланка).

Богат е со влакна, калциум, железо, цинк, селен и манган, а содржи и витамини Ц и К. Содржи и етерични масла кои помагаат за полесно варење. Се препорачува за луѓе кои мораат да внимаваат на нивото на шеќер во крвта, па често можеме да го најдеме во рецептите за колачи и други слатки.

Ѓумбир

Сѐ почесто се појавува како додаток на јадењата, а свеж може да го најдеме на полиците на речиси секој голем пазар. Може да се додава во различни јадења, а можеме да го додадеме и во чаеви или вина.

Често им се препорачува на луѓето кои сакаат да ги изгубат масните наслаги, бидејќи е една од најдобрите намирници кои го подобруваат варењето. Помага и во спречување на гадење, отежнато дишење, настинки, како и во зајакнување на имунитетот.

Куркума

Зачин кој често се меша со ѓумбир поради сличната портокалова боја. За најдобро искористување на овој зачин, се препорачува да се комбинира со масти. Најчесто се додава во разни чорби и ориз, но може да се додаде и во колачи.

The referenced media source is missing and needs to be re-embedded.

Состојките на куркумата имаат антиинфламаторно и антивирусно дејство, а важна е и за луѓето со отпорност на инсулин и покачен холестерол.

Мускатно оревче

Најчесто се додава во јадења кои содржат компири. Често се препорачува овој зачин да се додаде во пире од компири и во разни сосови што содржат брашно.

Според истражувањата, мускатното оревче го стимулира мозокот и има антибактериски својства. Тој е пожелен зачин во исхраната на лицата со намален апетит.

Анасон

Најчесто ќе го видиме во разни десерти и домашни компоти, а можете да го комбинирате со други зачини и да го додадете во некои солени јадења со месо.

Специфичен е затоа што го намалува потењето и помага при отежнато дишење. Освен што помага во варењето на храната, го намалува гадењето и гасовите.

реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе