Кој е Александар Сорос: Плејбој кој сака да биде повлијателен и од татко му

Александар Сорос е 37-годишниот син на светскиот инвеститор Џорџ Сорос, кој го презеде управувањето со огромното богатство на својот татко. Тоа се смета за пресврт од 180 степени од неговиот плејбој имиџ.

Член е на инвестицискиот семеен фонд кој има имот во вредност од 25 милијарди долари. Алекс, како што често го нарекуваат, сега е шеф на Фондацијата Отворено општество. Тој има намера да продолжи да ги поддржува целите на неговиот татко, кои првенствено се однесуваат на човековите права.

Некои се изненадени од одлуката на 92-годишниот бизнисмен да му го довери управувањето на Александар. Сепак, Џорџ во изјава за Wall Street Journal (WSJ) рече дека Александар го заслужил тоа.

Алекс е постариот син што Џорџ го доби со својата втора сопруга, историчарката Сузан Вебер. Не секогаш беше во прилија да ја преземе бизнис империјата. Довербата му беше дадена откако неговиот 52-годишен полубрат и Џорџ се скараа поради двајца поранешни вработени во семејниот труст.

Александар често е во друштво на моќни луѓе, како што се американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој на Instagram објавува фотографии кои сведочат за тоа.

Ребрендирање кое траеше со години

Алекс првпат се најде на насловните страници во 2008 година поради објавување фотографии од луксузни забави на социјалните мрежи. Меѓу тие фотографии е и онаа на која тој се гледа како крстари со семејната јахта.

Му било многу непријатно по пишувањето на медиумите за забавите и затоа што го прикажувале како плејбој. Потоа рече дека станал карикатура.

Веќе во тоа време, тој започна да се занимава со добротворна работа, приклучувајќи се во одборот на Фондацијата Отворено општество, што го зближи со татко му. Сепак, подоцна имаше извештаи во печатот за неговите забави на кои лемодели и играчи на НБА.

Во тоа време Александар работел на својот докторат на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, на тема „Еврејски Дионис: Хајне, Ниче и политиката на литературата“. Тоа се толкува како интелектуална страна на неговата личност.

И по Сорос, Сорос

Успеал да се докаже пред својот татко, но неговото преземање на деловната империја може да биде причина за антисемитски теории на заговор. Бројни теории на заговор се против семејството Сорос, па затоа се обвинети дека планираат да ја наполнат Будимпешта со бегалци, дека сакаат да предизвикаат граѓанска војна во Соединетите Американски Држави и дека користат пари и моќ за политичко влијание.

Александар се опиша себеси во изјава за WSJ како политички поумесен од татко му. Од декември 2021 година, тој бил во Белата куќа 17 пати, покажуваат официјалните извештаи. Тој најави и повеќе донации за левоориентираните политичари, пренесува Business Insider.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе