Кој стои зад тврдењето дека Владимир Путин е тешко болен?

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, се појави нов сет на тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозно болен, а експерт верува дека тие тврдења можеби ги ширеле тајните служби.

Различни гласини за здравјето на Владимир Путин кружат веќе десет години, вели професорот по политички науки Герхард Мангот. Некои од нив вклучуваат леукемија, тумор на мозокот, рак на тироидната жлезда, Паркинсонова болест, а неодамна беше споменат и обид за атентат.

Рускиот претседател видно се тресеше додека доделуваше медали викендов, па се интензивираа шпекулациите дека неговата здравствена состојба е влошена. Професорот Мангот смета дека таквите гласини првенствено ги шират западните разузнавачки служби со украинската тајна служба SBU, која „веројатно е вмешана“.

Кирило Буданов, шеф на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, во мај за украинскиот весник Pravda  изјави дека Путин има „неколку болести“.

„Да, можеме да ја потврдиме оваа информација, Путин има рак“, изјави тогаш Буданов.

„Има неколку тешки болести, а една од нив е и ракот. Му остануваат уште неколку години живот“, додаде тој.

Професорот Мангот рече дека гласините за здравјето генерално биле дизајнирани да сеат несигурност и немир околу „контроверзниот“ руски диктатор. Професорот, кој предава на Институтот за политички науки во Инсбрук, објасни дека гласините отвораат прашања и за иднината на Русија без Путин на чело.

Тој ги коментираше и ефектите од таквите гласини.

„Во екот на сериозна криза, довербата во иднината ќе биде ослабена. Од друга страна, ваквите гласини им даваат на противниците на Путин трошка надеж дека тиранинот наскоро ќе го нема и дека Русија ќе се фокусира на нова, подобра иднина“.

Професорот додава дека гласините не сакаат да влијаат само на руското население. Шпекулациите го натераа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да ги минимизира сите сугестии за лошо здравје кај човек кој се трудел да му ја претстави сликата на моќен човек на светот.

„Мислам дека разумните луѓе не можат да забележат какви било симптоми на болест кај овој човек“, рече Лавров.

Професорот Мангот посочува дека нема докази за потврда на гласините за болеста кои кружат на социјалните мрежи и медиумите, но дека во интерес на разузнавачките служби е да ја вознемират руската политичка елита, во која доминира Путин.

„Ако владетелот ненадејно умре, ќе избијат жестоки битки во ова колективно раководство за тоа кој треба да го наследи Путин и кој ќе ги задржи или изгуби какви предности“, рече Мангот.

„Затоа тајните служби шират такви гласини за да шират немир и неизвесност дури и меѓу руското раководство“, рече професорот, пренесува Express.co.uk.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе