Која е Камала Харис – првата жена потпретседател на САД?

Историски момент се случи денеска со изборот на Џо Бајден за 46. претседател на САД – земјата ја доби првата жена потпретседател на државата, Камала Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло.

Кандидатот на демократската партија Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД, објавија водечки светски новински агенции и медиуми како CNN, BBC, The Guardian, The New York Times и други.

URL

Камала Харис е првата Афроамериканка која една од двете водечки партии воопшто ја кандидирале за потпретседател во историјата на САД.

URL

Таа е четврта жена што досега ја кандидирала Демократската партија. Претходно сите три изгубиле – две како кандидатки за потпретседател, а Хилари Родам Клинтон изгуби како ривал на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Камала Харис (55) и сама се кандидираше за претседателска номинација од Демократската партија пред да го поддржи Бајден.

Кога беше избрана во Сенатот во 2016 година беше само втората афроамериканска сенаторка во историјата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

Пред да биде избрана за сенаторка беше главен државен обвинител во Калифорнија.

Харис преку социјалните мрежи порача дека ѝ е чест што е номинирана и дека Џо Бајден може да ги обедини Американците.

Позната е по директните и остри прашања, особено за време на истрагата за потврда на кадидатурата на Брет Кавано за врховен судија.

Нејзината кандидатура за потпретседателка би можело да придонесе за поголем одзив кај афроамериканските гласачи кои се најлојално гласачко тело на Демократската партија.

URL

Претседателот Доналд Трамп е изненаден што неговиот противкандидат Бајден ја избрал Камала Харис за своја кандидатка за потпретседател, бидејќи, како што изјави, таа била многу лоша кон Бајден за време на дебатите.

Трамп рече дека Харис била „многу, многу непријатна“ кон Бајден за време на внатрепартиските избори на демократите.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе