Која е новинарката што го збуни Путин?

Не стивнува интересот на светските медиуми за американската новинарка Хедли Гембл од CNBC, откако руските медиуми ја критикуваа тврдејќи дека намерно играла на картата на сексапилот за да го збуни Владимир Путин.

Водителката беше дел од седницата на енергетскиот форум во Москва на која учествуваше и рускиот претседател Путин.

Меѓу бизарните аргументи наведени од тамошните медиуми е и тврдењето дека го збунила претседателот со допирање на косата, оближување на усните, Louboutin чевлите со висока потпетица и слично.

Се чини дека целата ситуација не ја загрижи водителката па се фотографираше за насловната страница на еден руски медиум, покажувајќи ги нозете кои наводно го „збуниле“ претседателот.

На Instagram објави и торта со слика од Владимир Путин со натпис „Too Beautiful“.

Која е всушност Хедли Гембл?

За CNBC работи од седиштето за Блиски Исток во Абу Даби. Нејзината емисија, која се емитува секојдневно, и дава преглед на азиските пазари. Ангажирана е и во популарната франшиза на CNBC, Access: Middle East каде разговара со светски лидери, меѓународни директори и филантропи.

Нејзини гости биле египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, либанскиот премиер Саад Харири, саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Јубеир, американскиот државен секретар Мајк Помпео и други.

Редовно известува од Светскиот економски форум во Давос, модерирајќи панели за различни теми. Има работено за ABC News и Fox News во Вашингтон, во емисии за светски политички настани како и во претседателски дебати.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе