Колкава е украинската, а колкава руската војска?

Б.С.Б.
/ 14.06.2022 / 14:41

Повеќе од 100 дена трае руската инвазија на Украина, но Русите бавно напредуваат. По неуспешниот обид да го заземат Киев, руските трупи се фокусираа на освојување на Донбас.

Колкава е украинската војска?

Според Меѓународниот институт за стратешки студии, Украина имала 196.600 активни воени лица на денот на почетокот на инвазијата на 24 февруари. Од нив 125.600 копнени војници, 35.000 воздухопловен екипаж, 15.000 морнари и 900.000 резервисти.

По почетокот на инвазијата, бројот е зголемен бидејќи мажите на возраст меѓу 18 и 60 години се регрутирани, а другите цивили доброволно се пријавија да носат оружје. Украина оттогаш најави планови за вооружување на уште милион луѓе.

Земјата има и паравоени групи кои се борат против Русија, како контроверзниот баталјон Азов.

Точните бројки за изгубени војници не се познати, иако Русите во април објавија дека Украина изгубила 23.367 војници. Според последното ажурирање, Русија тврди дека уништиле 134 украински авиони, над 2.000 тенкови и скоро 1.000 топови. Овие податоци независно не се потврдени.

Со што располагаат Украинците?

Државата има голема копнена моќ, а членките на НАТО сојузот испратија помош во 10.000 проектили и 120 оклопни возила донирани од Велика Британија, 500 проектили земја-воздух од Германија. Воен пакет добија и од САД.

Украина има 136 авиони и 42 хеликоптери, морнарицата има два воени брода. Пресметките за одбрана се од 2 до 5 милијарди долари.

Колкава е руската војска?

Руската војска значително ја надминува украинската, со пресметка од 40 до 65 милијарди долари. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство вели дека одбранбените податоци на Русија се двојни во периодот од 2005 до 2018 година, бидејќи земјата постојано настојува да ја модернизира војската.

Во време на инвазијата, руската војска се состоела од 900.000 воен екипаж на копно, море и воздух, 280.000 војници, 165.000 припадници на воздухопловен екипаж, 150.000 морнари и околу 2 милиони резервисти.

Русите на возраст од 18 до 27 години мораат да отслужат 12 месец војска, но според руските закони не би требало да бидат во воени акции. Но, тоа се промени сега, Путин ја помести возрасната граница за руската војска при што им одобри на повозрасните од 40 години прием во војска.

Регрутација на платеници

Бројот војници кои Русија ги имаше во Украина во време на инвазијата е проценет на 190.000. Не треба да се заборават и стотиците платеници од Вагнер групата. Русија дополнително повика борци од Чеченија, источна Русија и од Сирија.

Украина тврди дека досега се убиени околу 32.500 руски војници.

Со што располага Русија?

Русија има над 13.000 тенкови, околу 6.000 топови и скоро 20.000 оклопни возила. Поседува над 500 фрлачи на балистички проектили. Има 1.328 авиони и над 470 хеликоптери. Руската морнарица има 74 бродови и 51 подморница.

Украинците тврдат дека досега уништиле 1.434 руски тенкови, 3503 оклопни возила, 721 топовски системи, 213 авиони, 179 хеликоптери и 13 бордови, пишува National World.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе