Колку беше богато семејството МекКалистер од филмот Home Alone?

Економистите одговорија на прашањето на многумина што го гледале филмот „Home Alone“ (кај нас познат и како „Сам дома“), а тоа е колку се богати МекКалистер, семејството од овој филм.

Дури и 30 години подоцна, овој филм е масовно гледан секоја Бадник. Луксузната куќа и раскошниот начин на живот на семејството МекКалистер го поставува ова прашање.

МекКалистер се меѓу најбогатите 1%

Провалникот Хари, кој го игра Џо Пеши, на почетокот на филмот му кажува на својот пријател Марв, кој го игра Дениел Стерн, дека куќата на МекКалистер е главната цел во богатото соседство. Тие двајца се нарекуваат себеси „Влажни бандити“.

„Марв, тоа е сребрената туна“, вели Хари, претпоставувајќи дека куќата содржи многу предмети од високата класа, како видеорекордер, стерео, фин накит и хартии од вредност што може да се продадат.

Куќата е најдобар показател за тоа колку пари имаат МекКалистер. Вистинска е и се наоѓа во предградието Винетка во Чикаго, кое е едно од најбогатите населби во Соединетите Американски Држави. Во неа има сосема доволно простор за Кевин, кој го игра Маколи Калкин, неговите браќа и сестри, но и за голем број посетители.

Според економистите на Банката на федерални резерви на Чикаго, во 1990 година, само најбогатите 1% можеле да си дозволат таква куќа, што е случај и денес. Нивната проценка е дека МекКалистер не издвоиле повеќе од 30% од својот приход за домување и дека во 1990 година куќата била прифатлива за домаќинство со приход од 305.000 долари годишно, додека во 2022 година ќе биде потребен приход од 665.000 долари годишно.

Според американската агенција за проценка на недвижности Zillow, слична куќа би чинела 2,4 милиони долари кон средината на минатата година. Економистите забележаа дека таква куќа може да купи некој со годишен приход од 730.000 долари, што е приход на 1% од домаќинствата во Чикаго.

Како тоа се толку богати?

Во филмот никогаш не е посочено со што се бават родителите на Кевин за живот. Прашањето за занимањето на родителите е редовно меѓу оние што го гледале филмот. Некои веруваат дека мајката на Кевин, Кејт МекКалистер, која ја игра Кетрин О'Хара, модна дизајнерка. Тие мислат така, бидејќи во куќата има неколку модни кукли со кои Кевин ги мами провалниците.

Тод Страсер, кој ги напиша новелизациите за првите три дела на „Home Alone“, рече дека не бил внимателно надгледуван од филмаџиите. Му дале сценарио и му дозволиле да прави што сака. Во книгата на Страсер, мајката на Кевин е моден дизајнер, а неговиот татко Питер, кој го игра Џон Херд, е бизнисмен. Страсер смета дека доделувањето такви занимања било „безбеден облог“.

Тој посочи дека никогаш не му паднало на памет да објасни како МекКалистер ги добиле парите. Тој сакал да ги претстави како висока средна класа, а не како супер богато семејство. Не само куќата е одраз на богатството на семејството. Имено, сите носат убава облека, изнајмуваат неколку комбиња за превоз до аеродромот, а Кејт се обидува да убеди еден постар пар да ѝ дадат авионски билети за летот од Париз до САД. Картите ги доби во замена за накит и часовник Rolex.

„Не знам колку заработувале МекКалистер, но сигурно многу допринесоа на мојата банкарска сметка“, рече Страсер.

Една од теориите на оние што го гледале филмот е дека таткото на Кевин е вмешан во организиран криминал. Според оваа теорија, намерата да се ограби куќата на МекКалистер е форма на одмазда и дека противењето на Кевин кон провалниците е резултат на воспитување изложено на криминални активности.

Чичко Роб го плаќа летот

Кога се зборува за богатството на семејството, често се зборува за нивното божикно патување во Париз. Летот до Париз за 15 луѓе е скап, особено кога четворица возрасни летаат во прва класа. Меѓутоа, тој лет не го платија родителите на Кевин, туку неговиот чичко. Тоа е прикажано во сцената кога Кејт му кажува на полицаецот, кој всушност е маскираниот провалникот Хари, дека летот го платил братот на нејзиниот сопруг.

Тој брат е чичко Роб кој го игра Реј Толер. Тој е споредна улога во првото издание на филмот, но од неколку сцени е очигледно дека семејството многу се потпира на него. Ги платил авионските билети и има стан во Париз со поглед на Ајфеловата кула во кој можат да се сместат 15 членови од неговото семејство. Во „Home Alone 2: Lost in New York“ се сугерира и дека Роб е богат.

Чичко Роб

Во филмот има уште еден чичко на Кевин, а тоа е Френк, кој го игра Џери Баман. Тој живее во Охајо, а со семејството отпатувал од Чикаго до Париз. Филмот не сугерира ништо за неговите приходи. Не сакал да ја плати сметката за пица од 122,50 долари во куќата на неговиот брат. Вечерајќи во првата класа на авионот, ѝ рекол на сопругата да стави кристална сол и бибер во нејзината чанта.

Како што пишува New York Times, ваквото однесување може да сугерира дека чичко Френк е богат. Според American Journal of Psychiatry во 2008 година, кражбите била значително почесте кај луѓето со приходи во домаќинството од над 70.000 долари.

Професорот по социологија на калифорнискиот Универзитет „Сент Мери“, Роберт Булман, вели дека чичко Френк е типичен возрасен лик во светот на Џон Хјуз, кој е креатор на филмот „Home Alone“. Тој истакна дека заедничка карактеристика на филмовите на Хјуз е драматичната тензија предизвикана од конфликтот меѓу младите и возрасните, која речиси секогаш се решава во корист на младиот човек.

Тој истакна дека неговите тинејџерски филмови, вклучувајќи ги „The Breakfest Club“ и „Pretty in Pink“, често прикажуваат класни тензии.

„Неговите приказни обично ја поддржуваат перспективата на дете од работничка класа или сиромашно дете кое се обидува да ги достигне своите побогати врсници. Но, во „Home Alone“ тоа е непогрешлива победа за Кевин како дете, но и за Кевин како богато дете кое ја брани својата импресивна тврдина“, заклучува Булман.

Филмот не е за пари

Сценографката Ив Коли била одговорна за украсување на мебелот и тапетите во домот на МекКалистер, кој бил снимен на сет поставен во средно училиште. Тврди дека тоа не е скапо опремен дом, туку дом со намерен „величенствен, елегантен изглед“.

Таа потсети дека темносината и правливо розовата беа популарни бои за внатрешно уредување кога се снимаше филмот. Делата на американскиот сликар Норман Роквел и старите божикни честитки ја инспирирале да користи заситени црвени, зелени и златни бои. Хјуз ѝ рекол дека сака куќата да има безвременски изглед.

„Ми кажа дека сака неговите филмови да изгледаат малку поубаво и почисто од реалноста, бидејќи целта на неговите филмови е да ја забавува и расположи публиката“, изјави Коли.

Таа им кажа на оние што бараат одговори за приходите на МекКалистер дека треба да уживаат во филмот и да не се караат за него. Како што рече таа, овој трогателен и комичен филм е создаден како забава, за да расположи за време на празниците и сепак успева во тоа, пишува New York Times.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Филм & ТВ

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Read more

Дечкото на Хали Бери објави фотка од актерката целосно гола: Совршена од секој агол

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе

Дечкото на Хали Бери објави фотка од актерката целосно гола: Совршена од секој агол

Читај повеќе
  • play_arrow

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Читај повеќе

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе