Колку е поскапено кафето во Македонија?

Шолја кафе, секојдневната рутина со која многумина го започнуваат денот, ги чини македонските граѓани за 18,3% поскапо отколку една година порано.

Граѓаните на ЕУ, пак, пијат кафе поскапо за 16,9%, покажуваат податоците на Евростат за август 2022 година, споредено со истиот месец лани.

За оние кои го пијат кафето со млеко или шеќер, овој утрински ритуал може да биде уште поскап и да стане луксуз бидејќи цените на тие артикли се зголемени уште повеќе во текот на изминатата година. Цената на свежото полномасно млеко во Северна Македонија е зголемена за 29%, а на шеќерот за 58%.

Во земјите од ЕУ, пак, во просек млекото поскапело за 24,3%, а шеќерот за 33,4%, најмногу во Полска за дури 109,2%.

Според податоците на Евростат, цените на кафето, млекото и шеќерот се зголемиле во сите земји-членки на ЕУ, освен во Малта.

Кафето најмногу поскапело во Финска (43,6%), во Литванија (39,9%) и во Шведска (36,7%)

Млекото во Литванија (58,2%), во Хрватска (41,2) и во Естонија (38,9%).

Шеќерот, пак, во изминатата година најмногу поскапел во Полска (109,2%), во Естонија (81,2%), Латвија (58,3%) и во Бугарија (44,9%).

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе