Колку луѓе биле пријатели со партнерот пред да станат љубовен пар?

Научниците предлагаат да ги прегледате веќе постоечките контакти во вашиот мобилен телефон, бидејќи можно е меѓу нив да го најдете идниот љубовен партнер.

Во мета-анализа на седум студии објавени во списанието Social, Psychological and Personality Science, истражувачите ги испитале резултатите од 1.900 учесници и откриле дека 66 проценти од нив биле во пријателски односи со своите партнери пред да се заљубат во нив.

Според експертот за односи и терапевт Рејчел Рајт, овие наоди покажуваат дека повеќето романтични врски се развиваат и се темелат на пријателство, а причината се наоѓа во истражувањето на основачите на Институтот Готман, Џон и Џули Готман.

„Ако ја погледнете нивната теорија за тоа што прави долгорочни, среќни, здрави и успешни врски, ќе видите дека љубовта се споменува дури на крајот“, рече Рајт, додавајќи дека истите карактеристики што нѐ прават добри пријатели нѐ направат добри партнери.

Понатаму, има смисла дека вредностите што се суштински во пријателството се од суштинско значење и во долготрајна и среќна врска, бидејќи разбирањето на партнерот како човек е можеби најважната компонента на секоја успешна врска.

„Прашајте се што, освен сексот, е разликата помеѓу вашите пријателства и вашите романтични врски и бидете сигурни дека она што го имате со пријателите е присутно и кај вашите партнери“, рече таа, додавајќи дека не треба да се грижиме дали пријателството ќе се уништи ако љубовната врска пропадне.

Нема причина зошто двајца возрасни не можат да го сменат контекстот на нивната врска и да се вратат на старата, ако романтичната врска не функционира. Исто така, не заборавајте да негувате пријателски однос со новите потенцијални партнери.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе