Колку пари ќе имаше најбогатиот човек во светот, ако не се разведеше?

Основачот на Amazon, Џеф Безос е убедливо најбогатиот човек во светот. Според моменталните податоци, „тежи“ 189 милијарди долари.

Бројката на неговото богатство постојано варира, а Безос постави нов рекорд кога во понеделникот за еден ден заработи 13 милијарди долари, благодарение на порастот на акциите на Amazon.

На второто место е Бил Гејтс, со 119 милијарди долари.

Интересен факт е што минатата година Безос се разведе од сопругата Мекензи, на која ѝ препиша одреден бroј акции. Пред разводот, Безос имаше 16 проценти од акциите, на бившата сопруга ѝ даде 4 проценти, а за него останаа 12 проценти. Во тоа време вредноста на акциите кои ѝ ги даде на Мекензи беа околу 38 милијарди долари, а делот на Безос вредеше 115 милијарди.

Во меѓувреме, порасна вредноста на акциите, а со тоа се зголеми богатството на Безос, но и на Мекензи. Нејзиниот удел сега вреди 61 милијарда долари. Според Bloomberg, Мекензи сега е тринаесеттата најбогата личност во светот.

Да не се разведеше, Безос сега ќе имаше неверојатни 245 милијарди долари, а според вредноста на акциите од понеделникот, тоа би било над 250 милијарди.

Се очекува и понатаму да расте вредноста на акциите на Amazon, бидејќи навиките на купувачите се менуваат и сè повеќе се насочени кон онлајн набавки.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе