Колку шеќер смееме да внесуваме дневно?

Кога станува збор за внесувањето шеќер во исхраната, може да слушнете најразлични совети и предупредувања.

Најчести се оние дека во „здравата храна“ како мусли, овошни јогурти, протеински плочки и слично, има многу повеќе шеќер отколку што си мислиме и дека еден таков производ може да ја задоволи дневната потреба на организмот за шеќер.

 

Не станува збор само за чистиот шеќер, бел или кафеав. Покрај сахарозата, не треба да ги заборавате и  другите извори на шеќери како фруктоза, малтоза, шеќерен инвертиран сируп, хидролизиран скроб и други, што секојдневно ги внесуваме преку храната.

Експертите сметаат дека шеќерите не треба да надминуваат повеќе од 5% од вкупната енергија, односно внесени калории, преку храната и пијалоците во текот на денот.

Тоа од прилика изнесува 30 грама, односно околу 7,5 кафени лажички шеќер.

Според возраста, табелата на дневната вредност на внесени шеќери во текот на денот изгледа вака:

- Возрасни: не повеќе од 30 грама (еквивалент на 7 коцки шеќер)

- Деца од 7 до 10 години: не повеќе од 24 грама (еквивалент на 6 коцки шеќер)

- Деца од 4 до 6 години: не повеќе од 19 грама (еквивалент на 5 коцки шеќер)

- За деца под 4 години не постојат дефинирани вредности, но се препорачува да не се конзумираат засладени пијалаци и храна со додаден шеќер.

Овие количини се однесуваат на слободните шеќери, односно шеќер што се додава во храната во процесот на производство, како и на шеќерите во мед, сирупи и овошни окови.

Шеќерите во млекото, овошјето и зеленчукот не се сметаат за слободни шеќери и на нивната содржина не треба да се обрнува многу внимание, но сепак не треба да се занемаруваат.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе