Комарците не можат да пренесат коронавирус

Комарците не го пренесуваат коронавирусот, уверуваат повеќе научни и здравствени центри во светот.

Според Светската здравствена организација, нема податоци или докази дека коронавирусот се пренесува преку комарец.

Лоренс Стенбери, директор на Институтот за глобално здравје при Колеџот Вагелос во Њујорк, изјави дека при истражување, нивните научници се обиделе да заразат комарци со коронавирус, но не успеале.

„Комарците имаат некои вируси кај нив. Но, апсолутно нема докази дека можат да се заразат со новиот коронавирус или, пак, дека можат да го пренесат“ нагласува Стенбери.

Д-р Амеш Адаља од Центарот за здравје „Џон Хопкинс“ во Балтимор, исто така, истакнува дека комарците не можат да го пренесат коронавирусот, односно дека не постојат докази за такво нешто.

„Но, треба да се има предвид дека тие можат да пренесат некои други заразни болести. Меѓу нив се западнонилската треска, енцефалитис, вирусот зика и денга-вирусот“, додаде Адаља.

Затоа е многу важно просторот во кој живеат луѓето да не биде подложен за размножување на комарци, а во местата каде постојат поголем број комарци да се носи облека која ќе ги заштити луѓето.

реклама

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе