Конечно откриена причината за смртта на храбриот фараон

Мумија на фараон откриена во 1881 годна досега беше предмет на научни дебати бидејќи не можеше да се утврди точната причина за смртта. Модерната технологија конечно ја реши оваа мистерија.

Мумијата на фараонот Секененре Тао II

Се работи за фараонот Секененре Тао II, наречен Храбриот, кој во средината на XVI пред новата ера кратко владеел со Јужен Египет. Во периодот од 1560 до 1555 година п.н.е., за време на неговото владеење, Среден и Горен Египет биле под управа на династијата на Хиксите, народ кој од Палестина и Сирија дошол во Египет.

Мумифицираните остатоци на фараонот, првично откриени во 1881 година во некропола во Теба, изгледале како на нив да нема никаква рана, додека на главата на фараонот имало траги од тешки повреди, но точната причина за смртта била предмет на жолчна и долга дебата.

Научниците прво пробале причините за смрт да ги утврдат визуелно, а потоа и со Х-зраци кон крајот на 60-тите години од минатиот век. Мумијата била во доста лоша состојба, што сигерирало дека балсамирањето биле направено набрзина и нескладно со кралските протоколи на мумификација.

Благодарение на модерната технологија на ЦТ скенирање на остатоците од фараонот, забележани се рани претходно неоткриени, а научниците сега открија и дека рацете на фараонот му биле заврзани зад грбот. Откриено е дека тој бил церемонијално погубен откако бил заробен за време на битка со Хиксите.

„Тоа ни сурегира дека Секененре Тао II навистина бил во првата линија на фронтот заедно со своите војници, ризикувајќи го својот живот за ослободување на Египет“, вели палеорадиологот Сахар Салем од египетскиот Универзитет во Каиро.

Повредите на главата на фараонот

Истражувачите, исто така, утврдиле дека фараонот веројатно бил погубен од неколку напаѓачи, бидејќи трагите од повреди на неговото тело покажуваат дека настанале од пет различни оружја.

„За време на погубувањето на врзаниот затвореник, може да се претпостави деја постоел само еден напаѓач, кој го удирал од различни страни, но не и со различни оружја. Смртта на Секененре Тао II била церемонијално погубување“, заклучува Салем.

Секененре Тао II би осми фараон на 17-тата египетска династија. Тој ја почнал борбата за ослободување на цел Египет од Хиксите, но иако загинал во обидот, неговиот син Амхос I подоцна ја продолжил борбата и успеал да ги избрка натрапниците.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе