Конечно се знае кои се најгледаните серии на Netflix на сите времиња

Netflix со години ги криеше податоците за гледаноста на стриминг платформата, но оваа година почна да објавува листи со најпопуларните серии и филмови, како и глобална листа на најгледаните наслови на сите времиња.

Листите се ажурираат неделно и се подредени според вкупниот број часови што претплатниците ги поминале гледајќи ги. Целта на овие листи е да им даде на претплатниците поглед на најголемите хитови на стриминг гигантот, за да можат да откријат нешто ново за гледање.

Сериите и филмовите треба да имаат постојана популарност во многу земји за да стигнат до листата најгледани на сите времиња. Ова значи дека со денови можете да видите некои наслови во Топ 10 во апликацијата Netlix, кои сè уште немаат доволно часови гледаност за да се најдат на листата на најгледани на сите времиња.

Популарноста се мери во вкупно часови гледаност

На пример, серијата „The Recruit“ има 52,3 милиони часови гледаност во првите три дена од објавувањето, но за да се најде на листата треба да има речиси половина милијарда часови, а дури и на најпопуларните серии и филмови им се потребни неколку недели да акумулираат толку часови. Серијата „Wednesday“ собра повеќе од една милијарда часови гледаност во првите 28 дена од објавувањето, со што се најде на листата на најгледани во 2022 година.

Подолу се наведени најгледаните серии на Netflix врз основа на извештаите за вкупно часови гледаност во првите 28 дена од објавувањето на насловот.

П.С. Ако Netflix објави една сезона од серија во два дела, односно на два различни датуми, времето на гледаност се брои посебно за секој дел.

Најгледаните серии на Netflix на сите времиња

1. Squid Game (1. сезона) – 1,65 милијарди часови

2. Stranger Things (4. сезона) – 1,35 милијарди часови

3. Wednesday – 1,2 милијарди часови

4. Dahmer – 856,2 милиони часови

5. Money Heist (5. дел) – 792,2 милиони часови

6. Bridgerton (2. сезона) – 656,3 милиони часови

Remote video URL

7. Bridgerton (1. сезона) – 625,5 милиони часови

8. Money Heist (4. дел) - 619 милиони часови

9. Stranger Things (3. сезона) – 582,1 милиони часови

Remote video URL

10. Lucifer (5. сезона) – 569,5 милиони часови

11. All of Us Are Dead – 560,8 милиони часови

12. The Witcher (1. сезона) - 541 милиони часови

Remote video URL

13. Inventing Anna – 511,9 милиони часови

14. 13 Reasons Why (2. сезона) – 496,1 милиони часови

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе