УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Конте: 180 минути доминиравме со Шахтар, неверојатно е како не дадовме гол

Интер непланирано испадна од Лигата на шампионите, а стратегот Антонио Конте има оправдување.

Синоќа Интер сам си ја решаваше судбината. Сѐ што требаше да направи беше на домашен терен да го победи украински Шахтар, но во една анемична игра „Нераѕурите“ одиграа само без голови. Истиот резулатат беше и на првиот натпревар во Киев.

„Тимот направи сѐ што требаше. Неверојатно е што не дадовме ниту еден гол во 180 минути доминација против Шахтар. Не е дека на момците им фали одлучност, тие дадо сѐ од себе. Имавме шанси, тие одиграа добро и имаа среќа. Нивниот голман беше најдобар играч на теренот“, вели Конте.

Интер синоќа делуваше плашливо, како никоја фудбалер да не сака да преземе одговорност. Со право новинарите на синоќешната прес-конференција бараа од Конте да каже зошто на тимот на недостасуваше одлучност, агресивност.

„Има работи кои мора да се анализираат со ладна глава, а не веднаш по крајот на натпреварот. Имаме премногу за што да жалиме, но едноставно не чувствувам потреба да кажам дека ни недостасуваше одлучност, фокус или агресивност. Ни фалеше гол, а за жал кога нема да дадеш гол нема ни да победиш. Ние немавме среќа во Лигата на шампиониоте, со оглед на инцидентите и судиските одлуки. Сега, кога групната фаза заврши, мислам дека можам да кажам дека бевме казнети од ВАР поради многу инциденти кои не беа анализирани“.

Критики Конте трпи и за замените, кои според многумина повторно дојдоа премногу доцна. Првата замена Конте ја направи дури во 68. минута, а втората во 75-тата. Потоа направи три замени на 5 минути пред крајот.

„Немавме многу опции. Перишиќ го ставив како крило после еден час, а Санчес го замени Гаљардини на 20 минути пред крајот. Загубивме баланс. Потоа Ериксен влезе кога енергијата на Лаутаро опадна. Не смее да заборавиме дека Шахтар го промени својот начин на игра против нас откако прими пет гола лани во Лига Европа. Ова сега ни се случува против секој тим со кој играме“, се правда Конте.

Интересно, Интер и Шахтар се сретнаа и во авгусѕ во полуфиналето од Лига Европа кога тимот од Милано победи со убедливи 5:0. Сега, на два натпревара против истиот противник не постигна ниту еден гол.

реклама

Фудбал

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Read more

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Read more

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more
 

Спорт

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе