Кореец се задушил јадејќи жив октопод, па добил срцев удар

Макфакс/Кајгана
/ 25.10.2023 / 15:09

82-годишен старец во Јужна Кореја доживеал срцев удар кога почнал да се задушува од парче жив октопод (сан-накџи), локален специјалитет направен од свежо отсечени пипала, кои сè уште се виткаат.

Спасувачките служби во јужниот град Гвангжу добиле повик дека парче сан-накџи е заглавено во грлото на маж.

„Кога итната помош пристигна на местото на настанот, мажот доби срцев удар, а тие извршија реанимација“, вели службено лице додавајќи дека нивниот обид да го спасат мажот бил неуспешен.

Сан-накџи (산낙지) е јадење направено од октопод, кој се сече и се служи суров, а често се јаде во крајбрежните области на Јужна Кореја или на локалните пазари. Иако во порцијата делува како да е жив, октоподот всушност прво се усмртува пред да се сече, но нервите во пипалата сѐ уште се активни и затоа изгледа како да е жив.

CNN наведува дека тоа е едно од најопасните јадења во светот.

Опасниот дел од оброкот доаѓа кога човек се обидува да го голтне пипалото бидејќи тоа може да се залепи за образите или грлото, а опасноста од задушување е доста голема.

Секоја година сан-накџи убива во просек по 6 луѓе во Јужна Кореја.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе