Атлетико Мадрид денеска соопшти дека тренерот Диего Симеоне и четворица играчи се заразени со коронавирус.
По паузата за Божиќ, тестирани се целосниот прв тим и членовите на стручниот одбор.
Од клубот соопштија дека позитивни резултати добија Диего Симеоне, Коке, Антоан Гризман, Ектор Ерера и Жоао Феликс.
Никој од нив нема симптоми и сите се во изолација.
Атлетико е уште еден во низата на шпански клубови кои се соочуваат со овој проблем. Не се смирува ситуацијата ниту во Реал Мадрид, а бројот на заразени расте и во Барселона.
Поради тоа, шпанските медиуми најавија можни одложувања на некои натпревари за викенд.