Коронавирусот има осум мутации, тврдат експерти

Експертите велат дека новиот коронавирус мутира, како и сите други вируси и сега има осум мутации што кружат низ целата планета.

Добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, истакна Тревор Бедфорд, чија веб страница  NextStrain.org го следи геномот на вирусот користејќи примероци од сите делови на светот.

Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат мутации што се појавија откако вирусот првпат минатата година се префрли од животно на човек во кинескиот град Вухан.

– На прашањето дали се менува генетски, одговорот е апсолутно да, истакна епидемиологот Марк Липсич од Харвард.

Прашањето е дали се случила некоја промена што го одредува правецот на движење на болеста или пренесувањето или други работи што се важни за луѓето, додава Липсич.

Експертите велат дека новите мутации многу малку се менуваат и нема разлика во смртноста.

-Забележаната стапка на мутација (две мутирања месечно) е сосема нормална за вирусите. Грипот обично има ист број на мутации, дури и повеќе, напиша Бедфорд на својот Twitter профил.

-Епидемиите можат да се следат. Во состојба сме редоследно да го секвенционираме геномот за да утврдиме кои видови или родови циркулираат, изјави Чарлс Чиу, професор по инфектологија на  Универзитетот во Калифорнија.

И додека досега дешифрираните геноми даваат информации за тоа како неговото ширење може да се запре и дали помага дистанцата меѓу луѓето, а се покажува дека помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците. Тие се согласуваат дека останува да се открие многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.

Бедфорд исто така предупредува да се внимава со терминологијата што се користи кога се известува за коронавирусот и болеста Covid-19. Тој нагласи дека нивните сознанија се за „мутации“, а не нови подвидови или родови (strains) на коронавирусот.

Тој ја објаснува разликата во 13 последователни објави на неговиот Twitter профил:

реклама

Дали „Симпсонови“ ја предвидоа победата на Камала уште пред 21 година?

Read more

Апасиев: Според Уставот, сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија

Read more

Вакцината против корона ќе ве направи геј – штетно и бизарно тврдење на израелски рабин

Read more

Меланија не избра американски дизајнер ни за нејзиниот последен ден како прва дама

Read more

Наука

Не личите на родителите? Постои добра причина

Read more

Научници развија терапија со пептид што спречува тешка форма на COVID-19

Read more

НАСА 2021: Ајде да одиме на Месечината!

Read more

Неверојатно откритие: Археолози го најдоа најстариот пештерски цртеж во светот

Read more
 

Гик

Има само еден „крал на конзолите“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 хорор видеоигри за 2021

Читај повеќе
  • play_arrow

Не личите на родителите? Постои добра причина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Поглед во новиот Xiaomi Redmi Note 9T 5G

Читај повеќе

LG ги гаси телефоните?

Читај повеќе

Израелци излегле позитивни и по примање на Pfizer вакцината

Читај повеќе

Научници развија терапија со пептид што спречува тешка форма на COVID-19

Читај повеќе

Бугарски програмер доби одговор од Илон Маск по 154 дена чекање

Читај повеќе

Како ќе изгледа претстојниот Samsung Galaxy Note 21?

Читај повеќе