Кортни Кокс: Денешните ситкоми не се смешни

Актерката која се прослави со „Friends“ смета дека хуморот во денешните ситкоми не е на нивото од порано.

Кортни Кокс ја глуми Пет Фелпс во новата хорор комедија, серијата „Shining Vale“, која не е ситком. Воедно, тоа е нејзина прва главна улога во серија по ситкомот „Cougar Town“ кој заврши во 2015 година.

Но, Кортни е разочарана од модерните ситкоми и вели дека не би сакала повторно да се појави во таков, бидејќи стандардот е многу опаднат.

„Денешните ситкоми не се смешни како што беа порано. Ситкомот од кој произлегов јас е толку познат што сѐ уште му пркоси на времето. Толку е смешен што лесно се поврзува со секој. Би била преплашена да треба сега да правам нов ситком бидејќи не сакам да ме споредуваат со 'Friends'“, рече таа.

Иако Кортни не е воодушевена од модерните ситкоми, „How I Met Your Mother“ кој заврши во 2013 и „The Big Bang Theory“ кој заврши во 2019 навистина направија бум и поставија нови граници во ситкомите.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе