Ковачевски: Да ja донесеме одлуката заради иднината, прифаќањето од Мицкоски е за поздрав

Сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, сите, да ја донесеме оваа одлука, заради иднината на сегашните и идните генерации, порача од Кавадарци премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на трибината „Резултати што прават разлика“.

„Оваа одлука е за граѓаните на државата, оваа одлука е за обичниот граѓанин на државата, за оној граѓанин кој што станува секое утро и оди на работа. Ова е одлука за вас земјоделците, за вас лозарите, за работниците кои секое утро одат во фабриките, кои чесно го заработуваат лебот и плаќаат данок кон државата. Ова е одлука за сите мајки чии деца отидоа на печалба во ЕУ, ама во ЕУ во туѓина, ова е одлука за децата да ни бидат тука, да ни расте наталитетот. Ова не е одлука за една мала група на луѓе кои што и со ЕУ и без ЕУ живеат на висока нога, повисока и од некои земји-членки на ЕУ“, посочи Ковачевски.

Кажа дека сите политички субјекти мора да ја искористат шансата и да ја обезбедат европската иднина на државата.

„Имаме шанса која не смееме да ја пропуштиме. Години и години може да чекаме наредна шанса. Подобар договор од овој што го имаме ниту може, ниту ќе добиеме. Затоа, ајде заедно да ја донесеме одлуката со којашто ќе се гордееме“ повика Ковачевски.

Тој го поздрави прифаќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за уставни измени.

„Имам јас многу лични моменти во ова. Цело време бев обвинуван за бугаризација и асимилација и сѐ тоа падна во вода. Но, подготвен сум да поминам преку тоа, за доброто на земјата. Знаеме ние дека опозицијата и во други прилики менувала став. Овој пат, промената е за добро на државата. И затоа го поздравувам“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе