Ковачевски: Евроинтеграцијата на С. Македонија и Албанија е сведена на зборување за историја

Отворен Балкан не е замена за европската интеграција, порачаа премиерите на Северна Македонија и на Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ кои се надеваат дека и останатите држави од регионот ќе ги препознаат бенефитите на оваа иницијатива и наскоро ќе се приклучат кон неа.

За премиерот Димитар Ковачевски, иницијативата Отворен Балкан е исклучително позитивен чекор за зголемување на перфомансите на економиите во регионот и за нивна поголема конкурентност, а разговорите за теми од минатото не носат бенефит за никого.

– Нашата европска интеграција, зборувам за Северна Македонија и за Албанија, е заложник на Бугарија. Таа наша европска интеграција е сведена на зборување за историја, што практично сите земји од Европската Унија гледам дека го оправдуваат. Според мене, тоа е погрешно, бидејќи кога се зборува за историја, не се ветува ништо, туку само се зборува за нешто што се случило пред 100-150 години. Тоа е класична уцена и не може да произведе никаков бенефит за никого. Затоа сметам дека зборувањето за теми коишто ја засегаат иднината на државата се многу значајни и на таква основа треба да се водат сите разговори, рече Ковачевски на самитот Македонија 2025.

Покрај поедноставените царински постапки со кои е олеснет транспортот на храна, на претстојниот самит на иницијативата Отворен Балкан, што на 7 и 8 јуни треба да се одржи во Охрид, ќе се разговара за имплементацијата на единствен ИД број со кој граѓаните од Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат без вадење на работни дозволи, да ја продолжат кариерата во некоја од овие три држави. Трите држави-иницијатори на Отворен Балкан најавуваат соработка и во областа на образованието и културата.

– Искрено и длабоко верувам во иницијативата Отворен Балкан и се надевам дека и останатите регионални партнери ќе ја препознаат оваа иницијатива. Следната голема работа што ќе ја имплементираме веднаш по следниот состанок на иницијативата Отворен Балкан, којшто ќе се одржи во Охрид на 7 и 8 јуни, а на кој ќе присуствува претседателот Вучиќ, ќе биде информациониот систем каде што граѓаните лесно ќе може да се пријавуваат да добијат електронска идентификација или единствен број којшто ќе им овозможува не само слободно да патуваат, туку и да работат во државите членки на иницијативата без некоја неопходна работна дозвола, рече српската премиерка Брнабиќ.

Брнабиќ верува дека бенефитите што ги нуди оваа иницијатива ќе бидат причина и останатите држави да се приклучат кон неа.

–  Кога ќе видите дека еден камион кој ја пренесува нашата стока било од Србија, Северна Македонија или Албанија, нема никакво чекање на граница затоа што сме ги усогласиле сите инспекции, царина, фитосанитарни прописи, тогаш мислам дека и граѓаните и стопанството од останатите земји на Западен Балкан ќе извршат притисок на своите политичари да се приклучат на иницијативата, рече Брнабиќ.

Таа не сакаше да ги коментира односите и разговорите за црковните прашања меѓу Српската православна црква и МПЦ-Охридска архиепископија, но им се заблагодари на СПЦ и на српскиот патријарх Порфирије, затоа што, како што оцени, се обидуваат да решат прашања што придонесуваат за регионална соработка, разбирање и поврзување.

– Јас како претседателка на Владата не можам да говорам за црковни прашања и не можам да ги коментирам одлуките на Српската православна црква. Сепак, сакам да кажам дека чувствувам голема благодарност кон СПЦ и неговата светост патријархот Порфирије за тоа што во еден отворен разговор и дијалог се обидуваат да решат некои прашања и со тоа директно да придонесат за регионалната стабилност, разбирање и поврзување и, се враќам повторно на тоа, поинаква иднина, што е одговорност на сите нас, и денес сите треба да работиме на тоа, рече Брнабиќ.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Македонија

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе