Ковид маки на модните брендови: Не може сите да шиеме пижами

Европските и американските трговски синџири за облека не успеваат да се ослободат од залихите и ги намалуваат нарачките за пролетните колекции.

Фабриките во Бангладеш залудно чекаат нарачки, бидејќи во ковид-светот пижамите се најбаран моден производ.

Глобалната модна индустрија само што почна да се опоравува од тешката 2020 година, кога пристигна нов удар - нов бран на ширење на вирусот и ограничувањата со кои владите се обидуваат да го запрат, како и нееднакви програми за вакцинација.

Некои трговски синџири сè уште не успеале да се ослободат од облеката од минатата година, што во нормални услови би одела „како алва“ на распродажба.

Британски Primark така ја има на залиха колекцијата пролет/лето 2020, вредна 150 милиони фунти и колекцијата есен/зима 2020 вредна 200 милиони фунти.

Од консултантската куќа McKinsey & Company, вредноста на непродадената облека во светот, во продавниците и магацините, ја проценуваат на 140 до 160 милијарди евра, што е повеќе од двојно од нормалното ниво.

Поради залихите на непродадена облека во вредност од стотици милијарди евра, британскиот бренд Marks & Spencer, германскиот Hugo Boss и многу други европски и американски модни брендови и трговци со облека значително ги намалија нарачките во азиските текстилни фабрики за пролетната колекција.

Проблемите на тој начин се прелеваат на големите производители на облека, како што е Бангладеш, кој најмногу се потпира на извозот на текстил. Фабриките се борат да останат отворени.

Здружението на производители и извозници на облека од Бангладеш спроведе истражување во педесет фабрики и откри дека оваа сезона добиле 30% помалку порачки од вообичаеното, поради локдаунот пред Божиќ во поголем дел од Европа.

Нови проблеми пристигнаа во јануари со новите мерки за локдаун.

„Нарачките обично пристигнуваат три месеци однапред. Но, нарачките за март не пристигнаа“, рече сопственикот на фабриката, Шахидулах Азим, чии клиенти се трговци од Северна Америка и Европа.

„Работиме со 25 проценти од капацитетот. Имам некои надежи дека фабриката ќе работи во февруари, но после тоа не знаеме каква ќе биде нашата иднина. Тешко е да се каже како ќе преживееме“, додаде Азим.

Пижамите се „ин“

Минатата година беше тешка за индустријата за облека, која забележа пад на продажбата од околу 17 проценти, според Euromonitor, а иднината е неизвесна. Проценките на McKinsey & Company за 2021 година се движат од песимистичките предвидувања дека ќе падне за 15 проценти до проценките на Euromonitor дека ќе се намали за „само“ 11 проценти.

Дали има светла точка? Популарноста на пижамите за време на блокадата донесе одредено олеснување.

„Ако сакате да знаете што да облечете во Велика Британија - пижамите се вратија во мода“, рече извршниот директор на Marks & Spencer, Стив Роу, во јануари. Hugo Boss одговори на истиот феномен, намалувајќи ја понудата за класична деловна облека и проширувајќи ги колекциите лежерна мода и облека за дома.

За некои производители, тоа е мала утеха. „Побарувачката за пижами никогаш не била поголема, но не може сите да шиеме пижами“, вели Али.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Бизнис

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Read more

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Read more

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more
 

Вести

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Читај повеќе

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Читај повеќе

Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме

Читај повеќе
  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе