КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Експертите се загрижени дека следниот бран на заболувања ќе биде фокусиран на менталното здравје, предизвикан од загриженоста во врска со COVID-19.

Повеќе од половина година живееме во пандемија и многу луѓе, иако го избегнале заболувањето со COVID-19, се уморни и им е смачено да живеат во новата реалност што ја предизвика коронавирусот.

Овој нов вид на стрес има име: КОВИД умор.

Стресот што го предизвикува новата реалност и секојдневната неизвесност најтешко им паѓа на оние луѓе кои ги почитуваат мерките и сериозно ја сфаќаат опасноста од COVID-19, па се чувствуваат дека носат двоен товар – својот и на оние кои не го прават тоа или полошо: негираат дека вирусот постои и е опасен.

И едните, и другите, се соочени со големото прашање: Кога ќе заврши пандемијата? Според историчарите, обично има две сценарија како завршуваат пандемиите: медицинско, што се случува кога ќе паднат стапките на инциденца и смртност (или ќе се најде вакцина); и социјално – кога ќе спласне епидемијата на страв од болеста.

Како да се борите против КОВИД уморот?

Експертите велат дека со физичка активност, отворена комуникација за чувствата и фрустрациите и мала промена на перспективата може да помогнат за намалување на стресот.

„Живееме во пандемија, доживуваме нешто што за првпат ни се случува во нашите животи“, вели Дејвид Сбара, клинички психолог и професор на Универзитетот во Аризона.

„Пандемскиот умор, или КОВИД умор е краток начин да кажеме дека сите сме повеќе под стрес, се соочуваме со депресија и анксиозност и сме преморени и сме во жалост по стариот начин на живот во многу погледи“, вели тој.

Сбара објаснува дека сменети ни се идентитетите бидејќи сега живееме во поинакви, изменети, непознати и по малку страшни околности. Сменети се нашите рутини, а за некои од нас целосно неповратно изгубени. Без таа стабилност, заедничко ни е тоа чувство дека сме изгубени во секојдневниот живот.

„Затоа не си задавајте цели како ‘Ќе медитирам секој ден’“, советува Сбара и додава дека иако медитацијата им помага на некои луѓе, грижата за менталното здравје почнува во наоѓање на изворите на стрес и идентификување на оние работи врз кои имате контрола.

Тој вели дека е многу важно да не се преокупирате со пандемијата, но сепак да одржувате едно свесно ниво на внимателност.

„Можеме да ја победиме пандемијата со едноставни промени во нашето однесување – носење маска, држење дистанца, често миење раце.“

Сбара верува дека на крајоот, нашето физичко и ментално здравје можат да се опорават од „КОВИД уморот“.

„Ќе дознаеме дека сме пожилави отколку што сме мислеле“, вели тој.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе