Никол Кидман, познатата актерка, која јавноста често ја нарекува „Кралица на ботоксот“, позираше за насловната страница на американското издание на магазинот Elle.
Актерката позираше во долна облека и ги воодушеви фановите со младешкиот изглед на 56 години.
Кидман позираше во црна долна облека легната на огледало, а сега сите се воодушевуваат на нејзината вита линија.
Нејзините обожаватели со ентузијазам ја коментираа насловната страница на магазинот Elle и ѝ упатија низа комплименти.
„Ти си дефиницијата за убавина“, „Изгледаш толку елегантно“, „Навистина неверојатно“, „Убава како и секогаш“, „Дали старееш?“, „Ти си најубавата жена во светот“, „Засекогаш неверојатна“, се дел од коментарите на нејзините фанови.
Потсетуваме дека Кидман неодамна ја репризираше улогата на мајката на Аквамен, кралицата Атлана во продолжението Aquaman and the Lost Kingdom. Наскоро ќе се појави во серијата Expats, која исто така ја продуцираше.