Кремљ за влезот на Финска во НАТО: Oва е уште една ескалација, ќе мора да преземеме контрамерки

Русија ќе мора да преземе контрамерки во врска со приемот на Финска во НАТО, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Кремљ смета дека ова е уште една ескалација и дека проширувањето на НАТО е закана за нашата безбедност и за интересите на Руската Федерација. Ќе преземеме контрамерки за да ја обезбедиме сопствената безбедност и тактички и стратешки“, предупреди Песков, нагласувајќи дека Русија ќе одговори како што ѝ одговара, пренесе ТАСС.

Песков рече дека руската армија за сѐ навремено ќе ја информира јавноста.

„Внимателно ќе го следиме развојот на настаните во Финска и ќе видиме како северноатлантскиот блок ќе ја користи територијата на Финска во врска со распоредувањето на оружје, системи и инфраструктура во близина на нашата граница, што потенцијално претставува закана за нас“, рече Песков, додавајќи дека соодветно ќе се преземат мерки.

Според него, ситуацијата во Финска е суштински различна од ситуацијата во Украина.

„Прво, Финска никогаш не била антируска и немавме спорови со Финска“, рече Песков.

Тој нагласи дека со Украина работите се сосема спротивни и дека ситуацијата таму е потенцијално поопасна.

„Затоа моравме да извршиме специјална воена операција за да ги постигнеме сите цели што ги поставивме“, заклучи Песков.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе