Кривата со новозаразени од COVID-19 се исправа, расте бројот на вакцинирани

После две недели континуиран раст на заразени од COVID-19, кривата се исправа, а значително е зголемен интересот за вакцинација кај граѓаните. Невакцинирани од новозаразените со COVID-19 се 85% и 91% од хоспитализираните.

Вчера се регистрирани 1.074 нови случаи со COVID-19 од 7.571 тестирање, а 24 пациенти починале. Регистрирани се и 291 оздравен. Ковид-центарот во Тетово евидентира најлоши 24 часа во текот на пандемијата со најмногу – 9 починати и 18 хоспитализирани, а поради сериозни компликации од повеќе хронични болести пациенти со коронавирус биле однесени и во Скопје.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.

Според податоците на Министерството за здравство вакцинирани се вкупно 638.428 граѓани, а ревакцинирани 495.803, односно аплицирани се вкупно  1.134.231 дози вакцини. Прва доза завчера примиле 13.275, а вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 70% од населението над 70 години, 67% од луѓето над 65 години, 63% од тие што се повозрасни од 60 години и 53% од населението над 50 години.

Министерството за здравство апелира на масовно вакцинирање за да се спречи тешка форма на болеста и да се намали ризикот од заболување, како и смртен исход.

Потсетува дека за вакцинирање не е потребно закажување кое важи само за малолетници од 12 до 17 години кои треба да бидат пријавени за термин на веб-страницата vakcinacija.mk.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера во интервју рече дека имунитетот од вакцината штити многу повеќе од прележана болест.

– Препораките кои ги коминицирам во јавноста преку алатките на Министерството за здравство се должат на препораките на сознанијата на стручни лица, а тоа се имунолози кои што работат со вакцина, фармаколози, професори на фармацевскиот факултет и од тука се препораките. Има една студија која што вели дека оние кои се вакцинирани можат да заболат со ризик од 0,07%, а 1,2% од прележаните можат да заболат. Што значи дека кај нив е поголем ризикот и од тука таа препорака за што кратко време од прележувањето, а тоа е после месец дена и дополнителни две недели да се организира севкупниот процес е нешто што на граѓаните допонително им го штити здравјето, појасни Филипче.

Сите сериозни студии на големи испитаници, појасни министерот, одат во насока на тоа и дека што порано вакцина, дополнително го штити здравјето.

Според двонеделната анализа на Министерството за здравство на територијата на државата, од позитивните на COVID-19, 1.507 биле целосно вакцинирани (со две дози) или само 15%.

– Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со COVID-19. Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91, додека само 9% од сите 724 моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице, 92 пациента од починатите не биле вакцинирани, а само 9 лица, односно 8%, примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања, наведува Министерството.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Moderna и Johnson & Johnson, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

– Секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCov2, истакнува МЗ.

Во анализата за вакцинирани се сметаат лицата вакцинирани со две дози, кои поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе