Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга и Н.Н.(28) од Штип.
Првопријавениот П.С., информираа денеска од МВР, остварил комуникација преку апликацијата Messenger со лице од кочанско село, се претставил како женско лице и успеал да го убеди да му даде лични податоци и податоци од неговата трансакциска сметка.
– Двајцата пријавени како соизвршители аплицирале за брзи кредити и од две финансиски друштва им биле одобрени парични средства во висина од 76.500 денари. Потоа, првопријавениот го довел во заблуда оштетениот дека парите се од „нејзини“ роднини од странство, оштетениот ги извадил од банка и ги дал на второпријавениот да ги предаде на П.С., се појаснува во соопштението од МВР.