Куба ја откажа парадата за Меѓународниот ден на трудот

Кубанската комунистичка влада во понеделникот ја откажа традиционалната првомајска парада поради акутниот недостиг на гориво.

Секоја година стотици илјади луѓе од целиот остров брзаат да го наполнат Плоштадот на Револуцијата во Хавана на Меѓународниот ден на трудот, пишува BBC.

Меѓутоа, оваа година, за прв пат по револуцијата во 1959 година, прославата беше откажана поради економски причини.

Последниве недели на бензинските пумпи се формираа долги редици со возачи кои често чекаат со денови да дојдат на ред.

На почетокот на април, претседателот Мигел Дијаз-Канел рече дека Куба добива само две третини од потребното гориво, додавајќи дека добавувачите не ги исполнуваат договорните обврски.

Иако Куба има пристап до сирова нафта со послаб квалитет, островот нема капацитети за нејзина преработка поради американските санкции.

Испораките на сирова нафта со повисок квалитет од Венецуела, најголемиот снабдувач со гориво на Куба, паднаа за 50 отсто во последните години.

Аналитичарите велат дека самата Венецуела е во сериозна неволја и дека ѝ е сè потешко да го субвенционира својот социјалистички сојузник.

Недостигот од гориво е само додаток на секојдневните проблеми со кои се соочуваат Кубанците. Според шпанскиот весник El Pais, типичната месечна плата е помеѓу 150 и 200 долари, додека литар масло за јадење чини 30 долари.

Владата инсистира дека нејзиниот државен социјалистички модел е најдобар за земјата и за проблемите ги обвинува долготрајните американски санкции.

Пред оваа година, настанот беше откажан само во 2020 и 2021 година поради пандемијата на коронавирус.

Наместо тоа, се очекува да се одржат локални настани на Меѓународниот ден на трудот, а луѓето да маршираат пеш.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Свет

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Read more

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more
 

Вести

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе