Истражување спроведено во Куба наведува дека нивната вакцина која се прима во две дози – Soberana 02, со засилувач наречен Soberana +, покажала ефикасност во 91,2% од случаите.
Минатиот месец, другата кубанска вакцина Abdala покажа ефикасност од 92,28 проценти.
Кубанскиот сектор за биотехнологија има долга историја на развој на вакцини, произведувајќи 80% од вакцините кои се користат во земјата и се извезуваат.
Куба е првата карипска земја која успешно разви вакцина против коронавирусот.
На Куба се развиваат пет вакцини против COVID-19, а се очекува Abdala и Soberana 02 да бидат одобрени на локално ниво, за да може Светската здравствена организација да ги користи.