Ќучук: Доколку Бугарите не се вклучат во Уставот, тоа ќе го блокира патот на Северна Македонија кон ЕУ

Софија, 12 јули 2022 (МИА) – Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик.

– Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, вели Ќучук за софиската телевизија бТВ.

Тој нагласува дека „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на земјава претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание.

Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.

– За жал, во македонскиот Парламент, „францускиот предлог“ беше прифатен само со гласовите на владејачките и дел од опозициските партии. Најголемата опозициска партија категорично се спротивстави на овој предлог и најави дека нема да гласа за измените на Уставот и вклучувањето на Бугарите во нивниот Устав. Ова, би рекол, е многу тажен развој на настаните, додаде Ќучук.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе