Кулушевски се враќа на Чизмата

Макфакс/Кајгана
/ 04.04.2024 / 11:50

Дејан Кулушевски по завршувањето на сезоната ќе го напушти Тотенхем и ќе се врати во Серија А, тврдат италијанските медиуми.

Македонецот роден во Шведска игра во променлива форма оваа сезона во Премиер лигата, на 28 натпревари постигна 6 гола и само 3 пати асистираше.

Кулушевски во Тотенхем пристигна пред две и пол години од Јувентус за 30 милиони евра.

Според локалното радио во Неапол, сѐ уште актуелниот шампион на Италија работи на трансферот на Кулушевски.

Се очекува клубот да заработи од продажбата на Виктор Осимхен (се шпекулира сума од 120 милиони евра) и дел од парите ќе ги инвестира во крилниот напаѓач, чија вредност се проценува на 55 милиони евра.

Во Италија, покрај за Јувентус, играше и за Аталанта и Парма, каде имаше одлична сезона која го овозможи трансферот во редовите на „Старата дама“.

Кулушевски играше за репрезентацијата на Македонија до 16 години за која на 5 натпревари постигна 6 гола, но потоа одлучи да игра за Шведска. И покрај тоа што ФФМ и тогашниот селектор Игор Ангеловски направија сѐ што можеа за да го премислат, Дејан бешпе одлучен. За Шведска оттогаш запиша 37 настапи и постигна 3 гола. Меѓутоа, со „Викинзите“ настапи само на ЕУРО 2020, на кое ќе играше и да ја одбереше Македонија, бидејќи потоа Шведска не успеа да се квалификува на Мундијалот 2022 и на ЕУРО 2024.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе