Курц: Пандемијата ги покажа слабостите на ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска, по повод Денот на Европа, дека пандемиската криза ги покажа слабостите на ЕУ во споредба со другите актери, а министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, подвлече дека минатата година е изгубена година во однос на проширувањето на ЕУ, и тоа не смее да биде сега бидејќи ЕУ е нецелосна без Западен Балкан.

– Изминатите месеци од пандемијата не само што беа предизвикувачки за сите граѓани во Европа, туку кризата јасно ги покажа сите слабости на ЕУ во споредба со другите актери. Затоа е сега важно да се надомести недостигот со брзо и ефикасни мерки. Ние го охрабруваме заедничкиот пазар преку модернизација и дигитализација, нагласи Курц.

Тој додаде дека претстојната Конференција за иднината на Европа е шанса да се одржи отворена дебата за тоа што ЕУ мора да стори во иднина, а Австрија ќе придонесе за позитивниот развој на Унијата и зачувувањето на заедничките вредности.

Министерот за надворешни работи Александер Шаленберг истакна дека Европа мора да биде поставена така што ќе биде подготвена за во иднина.

– Клучот е проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан. Минатата година беше изгубена година за целиот регион и сега е важно да се надомести застојот, бидејќи штетата ќе се зголеми. Без нашите партнери во Западен Балкан, ЕУ не е целосна, изјави Шаленберг.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе