Косовскиот премиер Албин Курти вели дека секогаш е подготвен да отпатува во Брисел на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Курти вели дека Вучиќ продолжува да ја одложува средбата затоа што не сака да се огради од рускиот претседател Владимир Путин, пишува Koha.net.
„Секогаш сум подготвен да отпатувам за Брисел на следната средба, а таква средба беше планирано да се одржи на 19 јули, но не се одржа бидејќи официјален Белград ја одби и побара одложување за повеќе од еден месец. Поминаа речиси четири месеци од одржувањето на изборите и неоправдано продолжуваат да ги одложуваат.
Тие не сакаат да се дистанцираат од деспотскиот претседател Путин. Тие не сакаат да воведат санкции кон Москва, затоа не одржуваат основачко собрание и не формираат влада. Косово отсекогаш било конструктивно, Блинкен побара од нас да продолжиме да бидеме така. Белград работи против пријателските договори“, рече косовскиот премиер.
Курти за средбата со Блинкен изјави дека била одлична.