Laibach: Украинците ни го откажаа концертот оти сметаме дека Русија е главниот, а не единствениот агресор

Во ново интервју, членовите на словенечката група „Laibach“ зборуваа меѓу другото и за откажаниот концерт во Киев, кој требаше да се одржи на 31 март годинава во салата „Бел Етаж“ под името „Евровизија“.

„Настапот не се одржа поради недоразбирање. На годишнината од воената агресија врз Украина сакавме да покажеме поддршка и солидарност со украинската држава и народ, па проверивме дали е можно да се одржи концерт во Киев. Контактиравме со професионален организатор на концерти, кој потврди дека таков концерт во Киев е можен и многу добредојден. За деталите преговаравме околу три месеци. И покрај тоа што организаторите ја одредија цената на билетите за концертот на речиси 20 евра, ние одлучи да не бараме хонорар, туку целиот приход од билетите да ги донираме во добротворни цели и на жртвите од војната во Украина“, велат тие за Večernji list.

Концертот беше официјално најавен на 22 февруари, а билетите беа пуштени во продажба. Тие раскажаа како веднаш по официјалното објавување на концертот на социјалните мрежи имало жестоки реакции и протести поради некои нивни наводни позиции, па промоторот побарал нивна официјална и недвосмислена изјава дека бескомпромисно ја поддржуваат Украина и ја осудуваат Русија како агресор.

„Ние дадовме таква изјава, но додадовме и дека тоа не значи дека мразиме сѐ што е руско и дека сѐ уште безрезервно цениме некои руски уметници. Сепак, организаторот на 26 февруари одлучи да го откаже концертот поради сѐ уште големиот број на негативни коментари за нашите позиции. Тој нѐ информираше дека главната причина за откажувањето на концертот е нашето инсистирање на тврдењето дека Русија е главниот агресор во оваа војна, а не единствениот агресор и дека целата приказна е всушност класична прокси војна, која Украинците воопшто не сакаат да ја слушнат“, изјавија тие.

Исто така тврдат дека списокот на руски уметници кои „Laibach“ ги навеле како нивна инспирација наишол на неразбирање.

„Како што буквално рече промоторот: 'За нас сега сè што е руско е отровно. Руската литература е зло, рускиот јазик е зло, сè што е руско предизвикува само омраза. Гледам дека не го знаевте ова, но вашите изјави предизвикаа доста огорченост'. Секако ни е жал што дојде до оваа забрана и очигледно го потценивме проблемот со идентитетот на Украина, но сепак остануваме на нашите позиции. Сепак, се надеваме дека ќе настапиме во Украина штом ситуацијата ќе биде зрела за тоа“, наведоа од „Laibach“.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Музика

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Read more

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Read more

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе