Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕУРО

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е задоволен од победата од 31:21 против Кувајт на првиот пријателски натпревар во подготовките за Европското првенство 2022. Сепак, на Лазаров не му е во прв план резултатот на подготвителните натпревари, туку поважно е како ќе се однесуваат неговите репрезентативци.

„Не ми е важен толку резултатот, колку што ми е важен пристапот на самиот натпревар. Тоа што го договаравме, тоа го спроведовме на самиот терен. Мислам дека за нашите играчи ова ќе биде поттик за она што ни преостанува во следниот период, да работиме уште понапорно, да пробаме да ги задржиме добрите работи, а тука се и слабите работи во кои треба да се поправиме и да напредуваме. Не може да ме понесе никаква еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја, знаеме што е пред нас, не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска“, изјави Лазаров.

Македонскиот селектор апелира секој кој ќе добие шанса на теренот максимално да ја искористи со своето залагање.

„Радува пристапот и ангажираноста на тренинзите. Едно е клупа, друго е национален тим. И со националниот тим немате многу време, затоа имаме и четири контролни средби. Не сакам да се повторувам, имаме промена на генерација и мора на официјални натпревари да им се даде шанса на помладите, оние што заслужуваат, и голем дел од нив ја искористија шансата. Ова е поттик да работат посветено, да се борат за националниот дрес. Треба да го заслужите националниот дрес, треба да заслужите настап на официјален натпревар, на големо натпреварување“, порачува најдобриот македонски ракометар на сите времиња и актуелен предводник на „Црвено-жолтите“.

Македонската селекција утре со почеток во 16 часот во Маврово ќе одигра уште еден натпревар со репрезентацијата на Кувајт.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Ракомет

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе