Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

На Лос Анџелес Лејкерс им претстои долго, топло лето и неизвесност со кои играчи ќе влезат во следната сезона. Дали Леброн Џејмс, кој овосезонскиот плеј-оф го заврши со 30 поени, 11 асистенции и 9 скока, сепак ќе биде во златниот дрес со број 23.

Откако Лејкерс ноќеска го претрпеа четвртиот пораз од Денвер Нагетс и се соочија со елиминација, по натпреварот Леброн не сакаше да зборува дали го одиграл последниот натпревар за Лејкерс и дали ќе ја продолжи кариерата.

„Немам одговор, искрено. Не размислував многу за тоа“, изјави 39-годишниот ветеран, кој не беше задоволен што беше најдобар играч на Лејкерс во серијата против актуелниот шампион, во која неговиот тим двапати беше поразен со кошевите на Џамал Мареј на истекот од времето.

„Не, не сум задоволен, бидејќи загубивме. Јас не сум тип која сака само да учествува. Загубивме и сега треба да видиме како можеме да бидеме подобри“.

Доколку реши да ја продолжи кариерата, Џејмс има две опции за следната сезона: да стане слободен агент и да бара нов клуб или да ја активира последната година од договорот со Лејкерс вреден 51,4 милиони долари.

Иако ова му беше 21 сезона во кариерата, тој покажа дека сѐ уште е способен да биде на врвот. Во регуларниот дел имаше просек од 25,7 поени, 8,3 асистенции и 7,3 скока, а на тоа ниво беше и во плеј-офот.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе