Лекарите поворно предупредуваат: Настинка не се лечи со антибиотици

Повеќето луѓе имаат тенденција да земаат лекови од „домашната аптека“ веќе по првите симптоми на настинка.

ХГипохондриците веднаш закажуваат лекар или посегнуваат по „стари“ антибиотици, што е сосема погрешно, истакнуваат експертите.

„Тоа е огромна грешка бидејќи не е важно дали веднаш ќе започнете со лекување или дури откако симптомите ќе се влошат. Резултатите се исти, само настинката мора да помине сама од себе“, објаснува лекаротАбас Канани. Всушност, поентата е дека лековите не лекуваат настинка, туку само ги ублажуваат симптомите.

„Не прави голема разлика кога ќе почнете да земате лекови за настинка бидејќи тие немаат никакво влијание врз природата на самиот вирус кој ќе напредува без оглед на тоа дали ги земате или не. Сите тие се само олеснување на симптомите“, објасни Канани.

Тој додава дека настинката во просек трае и до 10 дена.

Друга од најчестите грешки е употребата на стари антибиотици. Тие, исто така, не можат да помогнат во лекувањето на настинки, а освен тоа, опасно може да биде и земањето антибиотици кои сте ги користеле за претходни терапии.

„Повеќето настинки се предизвикани од вируси, а не од бактерии, така што апсолутно нема потреба да земаат антибиотици, но некои луѓе ќе се одлучат да земаат антибиотици што им останале од порано, а често се случува да ги позајмат од други членови на семејството или пријателите. Тоа сум го видел многупати, не правете го тоа, само настинка е, само вирусна инфекција, ќе помине“, објасни тој и предупреди на недоволно внесување вода.

„Хидратацијата и правилната исхрана се од исклучителна важност за вашето здравје, а особено се важни кога сте настинати. Дехидратацијата само ќе ве оптоварува уште повеќе бидејќи вашето тело мора многу повеќе да работи кога не е хидратирано. Затоа пијте доволно течности. Исто така, внимавајте на внесот на храна бидејќи иако можеби имате послаб апетит кога сте болни, не прескокнувајте ги оброците бидејќи така само ќе се чувствувате полошо“, објаснува Канани.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе