Лекарите предупредуваат: Овој лек никако не смеете да го земате на своја рака

Несоницата или лошиот сон можат да го зголемат ризикот од дебелина, висок крвен притисок и дијабетес. Но, колку е здраво да пиете таблети за спиење?

„Несоницата е многу често нарушување кое варира меѓу 10 до 30% кај населението. Во пораст е поради високото ниво на стрес. Тоа се случува од различни причини, некои физички, некои психички, а понекогаш и без причини. Физички причини како што се болка, дезориентација, дисфункција на црн дроб и зголемено мокрење во текот на ноќта можат да доведат до нарушување на сонот. Психичките проблеми како што се зголемена анксиозност, стрес поврзан со работата или семејни проблеми и депресија исто така можат да доведат до проблеми со спиењето. Несоницата може да варира од човек до човек“, вели д-рСубаш Чандра, доцент за интерна медицина.

И додека таблетите за спиење изгледаат како решение, како да знаете дека нема да доведат до токсична зависност и нуспојави?

Според д-р Сандип Најар, луѓето треба да ги избегнуваат таблетите за спиење колку што е тоа можно. Повремено можат да се припишат на оние кои имаат медицински причини, операција или траума која предизвикува неиздржлива болка.

Најар вели дека се смета за криминал поттикнувањето кого било да зема таблети за спиење.

„Тоа се штетни лекови и можат да предизвикаат поспаност, главоболка, дијареја или запек, невролошки абнормалности, слабости во мускулите, губење на либидото и други нуспојави“, предупреди Најар.

Луѓето никогаш не треба да ги делат лековите за спиење, бидејќи постојат различни видови со различни ефекти и профили на нуспојави. Тоа што е лек за едно лице, може да биде штетно за друг, зависно од здравствената состојба, функцијата на бубрезите и другите параметри.

Затоа секогаш е потребно консултација со лекар пред користење таблети за спиење за да знаете кои се најбезбедните за вас.

Многу е важно да се знае дека таблетите за спиење предизвикуваат зависност ако се користат подолго од две недели или еден месец, пишува Times Of India.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе