Лекција од 6 минути: Сѐ што треба да знаете за брутализмот
Може ли бетонот да биде убав? Поборниците на брутализмот секако мислат така. Општата јавност, сепак, останува поделена. Додека некои ги сметаат бруталистичките згради за чудовишта и најголем грев во историјата на архитектурата, други ги сметаат за архитектонски знаменитости со историска, културна и лична вредност.
Погледнете ја оваа шестминутна лекција по архитектура, за идејата зад овој жанр на модернизмот кој стана синоним за дистописки филмови (A Clockwork Orange, Blade Runner 2049 и Resident Evil: Afterlife) и видете дали ќе си го поткрепите или смените мислењето за бруталистичките згради.