Левица: Антимакедонската концепција на Царовска продолжува да се реализира

Погубната концепција за основно образование на Мила Царовска, која беше најавена кон крајот на 2020 година, се реализира со жестоко темпо. Она на што уште од почеток од Левица, како политичка партија, предупредувавме беше дека оваа т.н. концепција нема ниту намера ниту потенцијал да го подобри системот на образование, веќе е сè поочигледно, истакнуваат од оваа партија.

„Вистинската намера е перфидно разнебитување на руинираниот образовен систем и што е најлошо – бришење на историјата, континуитетот и идентитетот на македонскиот народ. Веќе се бришат содржините што се однесуваат на историјата на македонскиот јазик од електронските изданија на учебниците (на пр. од учебникот за VII одделение), а во VI одделение се воведува хибридниот предмет историја и општество, каде што во истиот неделен фонд на часови се вметнуваат содржини од географија и граѓанско образование“, информираат од Левица.

Според оваа партија, во услови кога официјална Софија усвојува резолуции со кои македонскиот јазик се сведува на дијалект на бугарскиот јазик, пробугарските СДС и ДУИ самоиницијативно го бришат предметот историја на македонскиот јазик од наставната програма.

„Додека внукот на Ахмети купува државен имот за нула денари, одвај полнолетниот син на Заев отвора компании за електрична енергија, и додека сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за багателни цени – единствената реформа на неспособната владејачка гарнитура е бришење на антифашистичкото минато на македонската нација. Односно, единствената визија за европска иднина на квислиншката СДС е прифаќање на сите негаторски услови по македонскиот идентитет – од страна на странските и домашните шовинистички елементи“, додаваат од Левица.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе