Левица: Апликацијата за пописот од бугарската фирма била незаконски набавена

Сите недостатоци на кои Левица единствена алармираше за време на незаконскиот попис, синоќа беа потврдени и од Државниот завод за ревизија, кој констатира низа слабости, пропусти и неправилности, соопшти партијата.

„За скандалозноста на спроведениот попис, потврдува забелешката на ДРЗ дека софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор, за кој не знаеле во Министерството за правда. Потсетуваме дека апликацијата за попишување на дијаспората беше ДОНАЦИЈА ОД БУГАРСКА ФИРМА! Кои се интересите на бугарска фирма да донира апликација за попис во друга држава, особено кога официјалната влада на Софија интензивно врши асимилација на македонското население?!“, прашуваат од Левица.

„ДРЗ утврди бројни неправилности поврзани со софтверската апликација за самопопишување на лицата-државјани кои се на привремена работа или престој во странство и тоа:
- софтверската апликација е набавена без надоместок, за што Државниот завод за статистика се обврзал да го истакне името на давателот во апликацијата, со што врши негова промоција, односно станува збор за спонзорство, за кое не е побарано од Министерството за правда решение, со кое ќе се потврди јавниот интерес на ова спонзорство;
- фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 до 23.09.2020 година бил член на Советот за статистика, како и
- апликацијата за самопопишување не е евидентирана во деловните книги на Државниот завод за статистика“.

Од црвената партија повторно упатија критики до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на која одамна ѝ замераат бидејќи не зазеде јасен став за пописот и не повика на негов бојкот.

„Потсетуваме дека ДПМНЕ не само што беше активен учесник во незаконскиот попис за отпис на Македонците, туку и на лидерската средба Мицкоски прифати продолжување на предвидените 20 дена за попис! Иако Мицкоски собра 100.000 потписи против пописот и ги изманипулира граѓаните, тој ретерираше од својот став и прифати спроведување на КОСОВАРСКИОТ попис, без ниту една аномалија да биде отстранета“.

По пописот Левица поднесе кривична пријава против директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

„Ја известуваме јавноста дека кривична одговорност за овој поданик на власта ќе биде врвен услов за било која идна Влада, во која би учествувала Левица“, изјавија од партијата, која во сегашниот собраниски состав е претставена од двајца пратеника.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе