Левица бара тестирањата за ковид да бидат целосно државни и бесплатни

Откако излезе статистиката за милионските суми кои граѓаните ги оставиле во приватните лаборатории тестирајќи се за COVID-19, политичката партија Левица побара од државата да преземе нешто за да се сопрат трошоците на граѓаните кои иако плаќаат здарвствебно осигурување, во случајов не ја добиваат соодветната услуга.

„Обичниот човек постојано осиромашува, додека приватните здравствени установи водени од домашната бизнис - елита, непрекинато профитираат. Од новиот владин состав решение или стратегиска визија нема ниту во најава. Фрапантен е фактот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 ковид тестови граѓаните ги платиле на приватно“, стои во соопштението на парламентарната партија.

Тие го потенцираат проблемот со немањето термини за тестирање на државните клиники, по што граѓаните се приморани на дополнителни трошоци по приватните медицински установи.

„Еден од начините преку кои државата ги принудува граѓаните да плаќаат тестови во приватните лаборатории е тоа што матичните лекари не можат да закажат термини за тест во државна лабораторија, а кога ќе најдат слободен термин, тогаш тоа е најчесто во друг град кој е далеку од местото на живеење на пациентот. Дури и кога матичниот ќе успее да закаже тестирање, истото може да се чека по неколку дена, што ако се земе предвид ургентноста и спецификата на проблемот, ова за пациентот може да биде фатално“.

Левица побара државата целосно да го преземе процесот на тестирање додека трае пандемијата за да се прекине финансискиот товар на граѓаните.

„Заради ова, по примерот на бројни земји, Левица бара државата целосно да го преземе под своја надлежност процесот на тестирање од приватните клиники (барем во време на пандемијата). Инсистираме спроведувањето на тестовите да биде обезбедено од буџетски средства, кое ќе овозможи достапно и бесплатно тестирање за сите граѓани, со што ќе помогне за остварување на уставно загарантираното неприкосновено право на живот и право на здравствена заштита на граѓаните“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе