Левица: Блокиравме закон со кој урбанистичката мафија ќе можеше да продолжи со малверзации

Левица успешно ги блокираше штетните измени на Законот за урбанистичко планирање кои на шверцерски начин беа предложени од страна на ДПМНЕ и поддржани од СДС и ДУИ, информираа од оваа партија.

„Нивното барање е роковите за започнатите постапки за донесување, како и постапките за изменување и дополнување на урбанистичките планови за кои е одобрена планска програма до денот на отпочнување на примена на овој закон, да продолжат согласно одредбите на законите според кои се започнати и наместо за четири да се пролонгираат на осум години од денот на влегувањето во сила на овој предлог-закон.

Со ова, ќе им се овозможи на сите манипулатори поврзани со урбанистичката мафија, да оставаат на долг временски рок свои темпирани бомби, кои ќе можат да изржат не една, туку дури и две промени на власт на локално ниво, сè до конечно реализирање на своите соништа. Сè што ќе треба да дочекаат е власт волна да се спогоди со нив или да се купи од нивна страна, истовремено врзувајќи им ги рацете на оние кои би сакале тоа да го сменат“, се нагласува во партиското соопштение.

Според Левица, времето на важење на еден ДУП е само 5 години, а се бараат 8 години важност на планска програма, што е апсурд. За 8 години, како што напоменуваат од оваа партија, можат драстично да се изменат условите на терен и параметрите дадени во планската програма воопшто да не одговараат на тогашната ситуација.

„Од тие причини, и секогаш имајќи ги во предвид интересот на граѓаните, пред интересот на олигарсите, Левица, со само двајца пратеници успешно го блокираше предлог законот“, потенцираат од Левица.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе