Левица, ДПА и Алијанса за Албанците не ги подигнаа уверенијата за пратеници од ДИК

Скопје, 25 јули 2020 (МИА) – На свечена седница денеска претседателот на Државна изборна комисија, Оливер Деркоски ги додели уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав од изборите одржани на 15 јули. Освен Левица, ДПА и Алијанса за Албанците сите други ги подигнаа уверенијата за пратеници.

Во името на Демократска унија за интеграција денеска уверенијата ги подигна нивниот претставник, Фитин Лога, кој на сите пратеници им посака успешна работа истакнувајќи дека изборниот процес поминал во ред и без никакви забелешки.

– Јас како овластен претставник на ДУИ денеска ги подигам уверенијата за сите наши пратеници од изборите одржани на 15 јули. На сите им посакувам успешна работа. Изборниот процес беше во ред, ние немавме никакви забелешки, така што на сите пратеници им честитам, изјави Лога.

Овластениот претставник од Коалиција на СДСМ, „Можеме“, Бранко Георгиевски ги подигна уверенијата на пратениците од оваа Коалиција и се заблагодари на сите што учествуваа во овој изборен процес.

– Конечно дојдовме и до денот кога денеска веројатно јас не следев, но по моите сознанија ДИК прогласи конечност на резултатите. Поради пандемијата одлучивме на ваков начин да ги подигнеме уверенијата на коалицијата „Можеме“. Благодарам на сите што учествуваа во овој изборен процес, на ДИК и на сите органи и секако и вас медиумите. Ви благодарам на сите и благодарност уште еднаш до ДИК и на сите учесници во изборниот процес, истакна Георгиевски.

Дерковски поединечно им подели уверенија на ВМРО-ДПМНЕ од „Обнова на Македонија“ на по еден претставник од изборните единици, и им посака успешна работа, а партискиот генерален секретар Игор Јанушев ги подигна за останатите.

– Само што ги подигнавме уверенијата. Очекуваме дека во следниот период, а секако во законски предвидените рокови дека ќе не повикаат и на конститутивната седница на Собранието. Би сакал уште еднаш да се заблагодарам на буквално сите во Република Македонија коишто го дадоа својот глас за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за „Обнова на Македонија“. Она што имавме прилика да го видиме на изборите е дека и покрај сите неправилности, поткупи и се она што се случуваше особено во текот на пред кампањата и во кампањата дека сепак опозициските партии успеаја да освојат повеќе гласови од владејачката структура, истакна Јанушев по подигнувањето на уверенијата.

Прашан што мисли за шпекулациите дека СДСМ се обидува да поткупи пратеници, Јанушев одговори дека она што се обидува да се направи во моментов е само „одработување исклучително за Заев и за никој друг“.

Во однос на прашањето за процесите околу формирање Влада, Јанушев истакна дека една од варијантите е ВМРО-ДПМНЕ да формира влада и рече дека барем во овој период оние неформални средби и контакти се одвиваат. Но, како сето тоа ќе заврши, Јанушев рече дека сите ќе бидеме благовремено информирани.

Remote video URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе