Левица: ЕУ доделува скоро милион евра на НВО за креирање на јавното мислење во Македонија

Деновиве евроамбасадорот Дејвид Гир се пофали дека педесетина невладини организации спроведени во текот на 2023-2024 година се добитници на нешто помалку од милион евра „поддршка“ од страна на Европската Унија во рамките на „Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ“ - програма за финансиска поддршка на мали и „грасрут“ граѓански организации, велат од Левица.

„Ова претставува само последниот во долгата низа на класични поткупи спроведени од страна на западните 'стратешки партнери' над македонскиот јавен простор. Потсетуваме дека според свој извештај, конгресот на САД, во периодот од 2017 до 2022 година доделил 67 милиони американски долари на невладини организации, медиуми и останати ентитети во Македонија борејќи се против 'руски и кинески влијанија'.

Левица безусловно се залага за слободата за граѓанска асоцијација и граѓанско здружување, како основно човеково право. Но, според нас, ваквото финансирање на невладини организации не претставува ништо повеќе отколку активен обид за креирање на јавното мнение во Македонија“, сметаат во оваа политичка партија.

„Да објасниме пластично: доколку ЕУ навистина сакала да ја поттикне граѓанственоста во Македонија, наместо тие 0,9 милиони евра да ги искористат за финансирање на невладини организации, можеле да ги искористат за да помогнат на стотиците илијади сиромашни граѓани во Републиката, засилувајќи ја социјалната димензија на граѓанственоста како услов за развивање на политичката и цивилната граѓанственост, создавајќи реални услови за поголема активна граѓанска партиципација во јавната сфера“, стои во објавата на оваа парламентарна партија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе