Левица: Институциите го игнорираат прашањето за внатрешно раселените лица од војната во 2001

Во месец декември, Секторот за политички систем при политичката партија Левица го актуелизираше прашањето за над 70.000 внатрешно раселени лица од страна на терористичката УЧК во воениот конфликт во 2001 година и поднесе Жалба на неодговореното Барање за информации од јавен карактер од страна на Министерството на Артан Груби, соопшти партијата Левица.

„Поднесената жалба беше усвоена од страна на Агенцијата за информации од јавен карактер со која се наложува Министерството да одговори во законски дадениот рок од две недели. Ова наложување, Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците не го испочитува, бидејќи за Артан Груби не важат закони.

За ова непостапување од страна на Министерството на Груби, како и целокупната документација, беа испратени до: вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, како и до сите останати релевантни државни институции, меѓународни и локални НВО, кои се занимаваат во областа на човековите права, како и до нашите 'стратешки партнери': Европската Унија, како и релевантните амбасади, кои даваат безрезервна поддршка на необалистите од ДУИ.

По испратениот меил со сите информации, народниот правобранител отвори претставка против Министерството. Одговор не добивме, ниту од вицепремиерката Славица Грковска, ниту од 'загрижените' невладини организации, кои постојано говорат за 'граѓански права', ниту од 'демократската' ЕУ, која постојано говори дека е загрижена за човековите права во Македонија, додека дава поддршка на најголемите прекршители на истите.

Оттука се поставуваат прашањата: Зошто никој не презема одговорност за уништениот живот на огромниот број семејства и дали е еден граѓанин принуден да тужи, за да ги оствари своите уставно загарантирани права?“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе