Левица: Мерките за енергетската криза се лош плагијат на нашите предлози

Економско-енергетскиот совет синоќа донесе неколку нови одлуки – да почне постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта и сите јавни здравствени установи да бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската.

Според партијата Левица, мерките што вчера ги соопшти Владата на вонредната прес-конференција се „лош плагијат на мерките кои, во континуитет, ги предлага Левица уште од почетокот на енергетската криза.“

„Независно дали е во прашање суета на Премиерот, незнаење или политичка калкулација, сепак на крајот, Владата ќе мора во целост да ги прифати предлог решенијата која ги понуди Левица, за ублажување на кризата со електричната енергија“, велат од Левица и додаваат дека „половичните мерки кои вчера беа презентирани само делумно ќе го амортизираат ударот кој следи од високата цена на струјата“.

Во објава на социјалните медиуми, Левица велат дека „ако се знае дека 100% од струјата за Универзалниот снабдувач ја обезбедува државната ЕСМ (ЕЛЕМ) и дека маржата на ЕВН Хоум е 11,5%, се поставува прашањето: Зошто основните и средни училишта да одат на регулиран пазар, а да не бидат снабдувани од државната ЕСМ Продажба  по иста цена која би ја имале на регулиран пазар, со што би се избегнала маржата спрема ЕВН Хоум?“

Оттаму продолжуиваат дека ако се знае дека ударот од кризата со електрична енергија Владата ќе го амортизира директно со народни пари, од Буџетот на државата, зошто се избегнати сите државни институции, јавни и државни компании, општини и комунални претпријатија од мерката државната ЕСМ Продажба да ги снабдува по прифатлива цена за сите, со што би се запрел одливот на народни пари во приватни фирми кои тргуваат со струја?

Од Левица прашуваат и дали, после оваа енергетска криза, власта почнала да прави разлика меѓу „домашно“ производство и „државно“ производство на електрична енергија и дали „конечно се вразуми, па под итно ќе ги прекине постапките за продажба на локациите кои се потенцијал за државно производство на струја, како што е локацијата за изградба на Чебрен и Галиште?“

Од партијата апелираат до Владата на Ковачевски „да прекине со импровизација и под итно да ги спроведе предлозите на Левица, со што би заштедиле во време за справување со кризата, а со тоа и пари на граѓаните на Македонија“.

реклама

Македонија

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more
 

Вести

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе