Левица на Уставен суд ја спори функцијата на Артан Груби

Политичката партија Левица денеска побара од Уставниот суд да ја укине функцијата прв заменик на претседателот на Владата која според нив е неуставна.

„Членот на Президиумот на Левица, м-р Реџеп Исмаил - Хактан, одржа прес-конференција, на којашто ја информира јавноста дека Левица поднесе ИНИЦИЈАТИВА, т.е. претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата на РМ, којшто СДСМ и ДУИ го променија во месец септември и со тоа противуставно воведоа нова и непостоечка државна функција - „Прв заменик на претседателот на Владата“, на којашто го поставија Артан Груби“, објаснуваат од новата парламентарна партија.

„Со ваквите измени на Деловникот за работа на Владата, каде се предвидува оваа нова функција, власта ги пречекорува уставните ограничувања кои важат за владата, како извршна власт, и буквално со ваквото нејзино самоволие, таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење, затоа што ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта - како темелна вредност на нашиот уставен поредок“, стои во соопштението објавено на Facebook страницата на партијата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе