Левица: Трет случај на масовно прислушување за кој нема одговорност, демократијата се претвори во фарса

Вчера, застаре еден од најскандалозните предмети, попознат како „Таргет-Тврдина“, кој се однесуваше на масовното незаконско прислушување и таканаречените бомби. Ова е директна последица на најновите измени на Кривичниот законик, кои власта ги шверцуваше во скратена постапка, без никаква јавна дебата, реагираат од Левица.

„За еден од најголемите удари на демократијата, каде што беа следени 4.286 телефонски броеви и прислушувани над 20.000 граѓани, како што велат, никој нема да одговара – благодарение на спрегата СДС-ДУИ-ДПМНЕ. „Со оглед дека ова е трет случај на масовно прислушување каде нема одговорност, по случаите 'Дувло' од 1992 година и 'Големото уво' од 2000 година, јасно е дека демократијата во Македонија е фарса, а ваквите тоталитарни преседани стануваат пракса под владеењето на овие три истрошени партии.

Додека делегетимираните СДС и ДУИ преку предлагачот Викторија Аврамовска-Мандиќ убедуваа дека измените на Кривичниот законик нема да предизвикаат амнестија – само еден месец подоцна, застареа и две дела на актуелни пратеници на ДПМНЕ. Деновиве застаре делото 'Моќник', каде што пратеникот Антонио Милошоски и уште 10 лица се ослободени за продажбата на објект во сопственост на општина Македонски Брод. Вчера застаре и делото 'Продуцент', каде што за склучување договор од 50.000 евра без тендер осомничени беа коалицискиот партнер на ДПМНЕ, Љупчо Димовски, и Ивона Талевска“, велат од оваа партија.

Според Левица, скандалозните измени на Кривичниот законик, каде што ДПМНЕ правеше кворум, е кулминација во колективната амнестија на трите партии кои владеат неказнето, а затворите се полнат со „криминалци“ осудени за кражба на ќебапи.

„Дури и Пендаровски во интервју скандалозно призна дека измените на Кривичниот законик само во еден дел биле шверцувани со европско знаме?!

Ваква колективна амнестија во минатото сведочевме пред самата промена на Уставот за нелегитимниот преспански договор, па затоа прашуваме – дали измените на Кривичниот законик се дел од новото преспанско сценарио за Бугари во Уставот? Јасно е дека со партии што егзистираат врз криминална спрега и коруптивни мрежи – нема да има правда и не смее да има мир“, потенцираат од Левицата.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе